„Уметноста е таму каде што е уметникот. Моето творештво е поврзано со објектот и со настаните од каде јас ги црпам сите мои инспирации. Сета драж што го има местото во кое сум роден, живеам и работам нуди многу прекрасни работи кое се големи за мене и кои ми носат секогаш неисцрпна енергија.“

„...Од средината, окруженоста, осаменоста, специфичноста на личностa и се што е врзано со афенитетот и психата на творецот, зависи и изборот на темата. Па според тоа, каква тема ќе одбере - такво значење ќе имаат (сликите). Од друга страна, кога авторот веќе „избрал“ тема, се соочува со проблемите на ликовниот израз кој треба да биде индивидуален, препознатлив, свој. Кога ќе се спојат сите тие компоненти треба да се роди сликата. Па и тогаш, прашање е дели ќе биде прифатена од публиката. Борбата на авторот со самиот себе си да создаде оргинално, препознатливо дело e онолку тешко колку успеал да го наметне своето ликовно знаење и искуство да ја „натера“ публиката да го прифати.

Павле Кузманоски
Лик. Нова Македонија, 28.09.1994

Документарен филм за Павле Кузманоски, снимен е во 1997/98 година од МТВ, по повод 30-годишниното ликовно творештво на уметникот.

НАГРАДИ

1969 - „Ноемвриска награда“ за сликарство на Тетово - општински признание
1980 - Награда ДЛУМ - цртеж при НУБ „Св.Климент Охридски“ - Скопје
1986 - Награда и повелба за сликарство на Аворската агенција на Македонија
1998 - Награда за сликарство „Методија Иваноски - Менде“ на 15-та изложба на Мал формат при Културно-информатичкиот центар Скопје

 

2008 - Награда за сликарство „Нерашки мајстори“ - Годишна награда на ДЛУМ
2010 - Прва награда за тема „ОСТЕН“ на 38 Светска галерија на цртеж - Уметност на хартија
2013 - Плакета - Посебна награда на „ОСТЕН“ - Светска галерија на цртежи
 
сите права се задржани ©2014 Павле Кузманоски, дизајн ЕОН Мултимедија